ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пробниот, симултантен попис на населението не е одложен. Во него се вклучени, и Прилеп , и Долнени

540

Денеска беше откажана расправа на собраниската Комисија за европски прашања, на која требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите,  планиран за 2020 година.  Претседателот на ова собраниско тело, Артан Груб, како причина за одложувањето на  денешната седница на Комисијата за европски прашања го наведе тоа  што комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ.  Според  порталот Експрес.мк , причината за одложување на работата на комисијата е тоа што опозиција го оспорува делот од прдлог – законот, каде што се вели дека може да се попишуваат и лица кои не се во земјава и тоа од нивни родниднини кои само ќе го пријават матичниот број од отсутниот, што како новина го најави ДЗС.

Инаку, од денска,10-ти јуни до 30 ти јуни, треба да се одржи и најавениот пробен попис на населението во двете општини во пелаонискиот регион Прилеп и Долнени ,  во 2 урбани заедници во Прилеп и 2 рурални, во Црнилиште и Лажани, во Долнени. Од ДЗС велат дека сумултантниот пропис ќе се одржи, иако денска попишуачите сеуште не се на терен

“ Сеуште се вршат организациони и технички подготвки, како и обуки за попишувачите, кои наскоро ќе се најдат на терен “ ни рече   Јасмина Ѓорѓиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавност при ДЗС.

Пробниот попис треба да се спроведува во вкупно 13 општини во земјава, во 8-те плански  региони.  Од ДЗС, кои неодмна беа во работна посета на градоачлникот на Прилеп , посочија дека од пробниот попис нема да има објавено никакви податоци, бидејќи тој ќе послужи само да се согледа  методологијата на одвивање на целата операцијата.  Пробниот попис ќе се изведува на 2 јазици – македонски и албански.

Главниот Пописот е најавен за наредната година  2020 год. и ќе се изведува  од 1ви до 21 април на 7 јазици. Една од новините која што е предвидена на овој попис е „самопопишување“ – апликација каде што граѓаните ќе можат да се најават и да се попишат сами од странство.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: