CSS Template

Протести на Македонците во Словенија и Данска

580
Avtokontrol1

Викендов повторно во неколку градови во светот каде што живеат Македонци се одржаа протести иницирани од тамошната македонска заедница и здруженија под мотото „Ние сме Македонија“.Протестите започнаа прво во Нов Зеланд, денеска се организираа во Љубљана, Словенија каде се одржа голем македонски собир во центарот на градот, на кој присутните јасно и гласно беа против промена на уставното име, а беше побарана поддршка за ослободување на притворените лица од настаните од 27 – ми април. Протестот поттикнат од Иницијативата за граѓанско општество на словенечко – македонско пријателство се одржа на Плоштадот на Републиката, пред Цанкарјев дом во Љубљана, а присуствувале неколку стотици Македонци. Говорниците на собирот побараа прекин на преговорите околу промена на уставното име , повлекување на законот за двојазичност, како и попис под надзор на меѓународни организации.

Под заедничката иницијатива „Ние сме Македонија“ од Македонската Обединета Дијаспора денеска се одржаа протести и во Копенхаген, Данска и тоа пред грчката амбасада во оваа држава. Македонците играа оро и ги искажаа своите ставови против промена на уставното име, прекин на преговорите и попис на населението. Демонстрантите маршираа со транспарентите „Дијаспорта бара попис итно“; „Едно име имаме“, „Доста е“.

Вкупно 35 протести се планирани во нецел месец од самиот почеток на глобалното движење #НиеСмеМакедонија. Активност на движењето е петицијата #НиеСмеМакедонија која брои над 25,000 истомисленици и ќе биде испратена до Претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија..

Во одбрана на името на државата и на македонскиот национален идентитет, а во рамките на глобалното движење „Ние сме Македонија“, иселениците од Македонија досега протестираа во Њујорк (САД), Асти (Италија), Торонто (Канада), Франкфурт (Германија), како и во Израел, Малта, Нов Зеланд.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Penata