ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прв ден откуп во Комбинатот и во поголемите компании

799

Се потврдија најавите за ран почеток на откупната тутунска сезона. По вчерашниот старт на Пашоски во 4 општини од пелагонискиот регион, денеска ги отворија вратите за преземање на реколтата: Тутунски Комбинат АД Прилеп, како и останатите поголеми откупувачи Сокотаб, Алијанса и СЕКЕ на територија на целата држава. Во посета на градскиот откупен пункт на Комбинатот беше директорот на Државниот земјоделски инспекторат Јане Станкоски.
Ќе бидеме присутни за контрола на сите откупни пунктови. Тутунарите кои ќе имаат проблем при проценката и за евентуални неправилности можат да ни се јават на бесплатниот телефонски број 0800 11 000, истакна тој.
До денеска, 6 од вкупно 9 те откупни компании ги обезбедиле потребните услови за старт на откупната сезона. Тутунски Комбинат АД Прилеп ги потврди најавите за ран почеток на преземање на производството од своите кооперанти.
-Средствата за непречен откуп се обезбедени, а исплатата ќе биде во рок од три дена по преземањето на родот. Ќе ги преземеме сите договорени количества, околу 2.800 тони. Денеска е отворен пунктот во градот, а од понеделник ќе бидат отворени и откупните пунктови во населените места. Тутун ќе откупуваме на вкупно 39 ваги, потенцираше Киро Станкоски, генерален директор на Комбинатот.


Од Сојузот на здруженија тутунопроизводители се подготвени за актуелната сезона која ветува добра заработувачка според квалитетот на производството.
– Се очекува повисока просечна откупна цена од минатогодишната за што се исполнети сите предуслови: одличен квалитет, солидна договорна цена по класи и намалено производство на Балканот. Сојузот како и секоја година обезбедува целосна, максимална заштита на производителите при продукцијата на тутун и медијаторство при откупот. Постојаната соработката со откупувачите и ресорните министерства на Владата на Р.Македонија овозможуваат производството да биде целосно во согласност со одредбите на легислативата на РМ, како и меѓународните GAP и ALP стандарди како и во согласност со Европската регулатива и Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација. Сето тоа нуди стабилност, сигурност и долгорочност на тутунопроизводството во Македонија, вели Цане Божиноски – секретар при Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на РМ.
Тутунарите кои денеска за „аирлија“ го предаваа производството задоволни од досега сработеното очекуваат фер заработувачка.
– Веќе 5 години се занимавам со тутунопроизводство. Оваа година во споредба со лани го удвоив производството и очекувам вкупно да продадам околу 4 до 5 тона ориентален тутун. Квалитетот годинава е многу добар за разлика од последните неколку години. Проценката засега е добра, најважно е, сепак, субвенциите да останат и да се исплаќаат навреме, вели Сашо Николоски, млад земјоделец, агроном инжинер по професија.
Минатогодишната просечна откупна цена изнесуваше 196,75 денари за килограм. Според законските рокови – сите регистрирани откупувачи најдоцна до 15 декември треба ги отворат пунктовите за преземање на договореното производство од кооперантите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: