ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Менса организира тестирање во Прилеп

654

 

Менса е меѓународно семејство на натпросечно интелигентни луѓе, која викендов организира тестирање за прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи во сабота (18 ноември) во 12 часот во хоелот „Кристал палас“ во Прилеп. За да учествувате на тестирањето треба да имате наполнето 16 години, документ за лична идентификација, и уплатница од 300 денари на жиро сметка на „Менса Македонија“.

 

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и во Mensa International®.
Оваа меѓународна организација е основана во Оксфорд, Англија, во 1946 година, од страна на Roland Berrill, правник и Др. Lance Ware, научник и адвокат. Основната идеја била идентификување на натпросечно интелигентните луѓе од секоја нација и секоја област на човековото живеење и нивно поврзување во организација. Нивните цели биле, исто како што се и денес, да се создаде организација која ќе е непрофитна и ослободена од сите расни и религиозни поделби, и ќе делува за добробит на човештвото.
Менса е меѓународна организација отворена за членство на луѓе од сите профили, кои го исполните единствениот услов за членство, односно се квалификувале во горните 2% на било кој од постоечките стандардизирани тестови на интелигенција, со цел заедничко дружење и учествување во широк спектар на социјални, научни и културни активности.
Освен IQ резултатот, не постојат други услови за квалификација за членување.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе