CSS Template

Прва година насмевки во Дневниот центар за лица со церебрална парализа

266

Насмевки, торта и пригодна програма за одбележување на првата година од постоењето на Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.

 

Децата кои го посетуваат центарот со своите родители беа присутни на прославата, на која присуствуваа и градоначалникот Илија Јованоски, како и Живко Силјаноски, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

– По изведбата на програмата од децата емотивно ја доживувам оваа ситуација и со гордост можам да кажам дека онашто сме го направиле пред една година вроди со плод и ова е максимално успешен проект. Сакам да им честитам на сите вработени и на раководителот на службата, заедно со родителите чии што деца го посетуваат овој Центар, кој успеа да направи двојна добивка со оглед на образовната и социјалната компонента. Неопходно е овие деца да се вклучат во системот зошто општеството мора да биде еднакво за сите и не смеат да останат надвор од заедницата., рече градоначалникот Илија Јованоски при посетата на Центарот.

Инаку, денешниот роденден се совпадна со стартот од монтажните работи за поставување на фотоволтаичните панели. Системот ќе се користи за производство на струја за потребите на Центарот, што е прв од предвидените проекти на општината за поставување на вакви панели на јавните институции.

Првата година службата која работи во центарот ја оценува како голем предизвик, бидејќи беше новитет, кој со успех оди напред.
– Еден ваков дневен центар претставува една приказна, пред се тука се корисниците, нивните потреби, родителите и нивните потреби, можноста да излегуваме во пресрет на секој вид на попреченост и нивната специфика. Нашата вложеност е постојана, рече Бранка Пројческа од Центарот за лица со церебрална парализа.
Ова е место на храбри колеги и луѓе кои се секојдневно со децата и уште похрабри деца кои се влезени во општествениот живот, потенцира Силјаноски.
– Успевме не само нив да ги внесеме во општественото живеење, туку пробуваме да создаваме и емпатија и општеството да го внесеме во овие институции.
Дневниот центар за лица со церебрална парализа има капацитет за 30 тина деца кои имаат одлични услови за социјална згриженост и едукација и е втор од ваков вид во земјава.


Vivafarm