ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Првенство во борењe во Прилеп

636

Во организација на боречкиот луб Прилеп „7 Мај- Леов“ , Прилеп денеска беше домаќин на државното изборно првенство во борење за млади до 20 години.  За престижните титули се натпреваруваа 60 учесници од  боречките клубови од цела Македонија.

Според организаторите, борењето како спорт напредува и дава видливи резултати. „Борењето како спорт напредува со големи чекори. Ние имаме квалитетни млади борачи во кои треба да вложуваме, а со тоа паралелно,  треба да вложуваме и во соодветен кадар“, истакна Марјан Лазаров, претседател на судиската комисија.

Членовите на боречкиот клуб „7 Мај- Леов“ од Прилеп се горди што повторно ја добиваат довербата од Федерацијата на боречки спортови од Македонија, да бидат домаќини и технички организатори на овој настан.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: