ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Првиот собир за најдобрите борачки во Скопје, а вториот во Прилеп ? ( ФОТО)

827

Деновиве во Скопје најдобрите девојки во пионерска и кадетска конкуренција во земјава во борењето , ги одработија и првите официјални подготовки под менторство на селекторот Илчо Маркоски , првиот тренер Сашо Игнатоски и асистент тренерот Теодор Темелкоски. Ова беше и првиот собир за најдобрите , каде стручниот штаб имаше можност да се запознае и со формата на девојките. Оние потребни подготовки за секоја селекција ќе се реализираат околу 20-ти Април.

Од прилепскиот клуб Седми Мај , како дел од селекцијата на Македонија се : Ангела Трајкоска , Деспина Богеска, Ивона Мицеска , Михаела Богеска , Тамара Цветкоска , Михаела Тодороска и Барбара Стојкоска.

Ова беше првиот собир на македонските девојки , но се надеваме дека вториот ќе биде во Прилеп . Веќе се разговара за тоа но проблемот е обезбедување на сала за тренинг а околу сместувањето на репрезентативките е средено. Од прилепските училишта велат дека нивните сали се затворени за спорт , но како останатите клубови играат дури и првенствени натпревари ?! За некого важи за некого не ! – вели Сашо Игнатоски , прв тренер во репрезентацијата.

Инаку во сабота стартуваат и државните натпревари во Скопје , каде технички организатор е боречкиот клуб Лирија а наредниот месец на програмата се и натпреварите за пионери и младинци до 20 години.Седми мај Прилеп ќе потсетиме е севкупен победник за изминатата натпреварувачка сезона.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: