ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Првото бебе во Прилеп е женско

1.791

Првото бебе во Новата година е женско. Тешко е два килограма и 950 грама и во одлично здравствена состојба. Бебето, на гинеколошкото одделение во Прилепската болница е родено изутрината, околу 9:30 часот. На мајката, Ангелка Георгиева, ова и е второ дете. Ќе го носи името Инес.

– Пресреќна сум, моето бебе е здраво и живо. На сите им посакувам среќни празници и годинава да биде далеку подобра од претходната и сите да сме здрави и живи. Инаку, веќе го одбравме името на нашата ќерка, ќе се вика Инес, изјави среќната мајка Ангелка Георгиева.

Гинекологот ,Весна Мијакоска Кочова, нагласи дека и бебето и мајката се во добра општа здравствена состојба.

– Се роди првото бебе во Прилеп, во новата 2021 година. Бебето е тешко два килограма и 950 грама, долго 49 сантиметри. И бебето и мајката се во добра општа состојба. Посакуваме за сите да е убава, здрава новата година, да ја заборавиме 2020 година, рече Мијакоска Кочова.

Бебето го посети првиот човек на градот, градоначалникот Илија Јованоски, кој донесе пригодн подароци за првото роденото бебе во оваа нова 2021 година. Тој им посака добро здравје на бебето и на мајката, и им ги честита новогодишните празници.

Лекарите и дирекорот сметаат дека годината ќе донесе нова надеж, бидејќи од оваа година се затвора ковид одделот во гинеколошкото одделние што досега беше една од причина што повеќе родилки од Прилпе да не дојдат на одделението. Инаку, моментно, во гинеколошкото одделение во Прилеп има само осум бебиња. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: