ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дедо Мраз дојде и кај нас – неколку интересни факти за него!

771

Дојде и во Радио Пела! Не израдува со неговото „хо,хо ,хо“ и ни донесе интересни подароци и новогодишни пакетичиња,за Теодора, Леонид нашите прекрасни,единствени и најсимпатични водители од младинската емисија Тин Топија Шоу, и за Андреј и Влатко, нашите најредовни слушатели.

Ни посаката среќна Нова, да ни биде исполнета со многу слушатели и посетители, и да продолжеме да работиме во интерес на вистината и јавност! Среќна Нова Дедо Мраз!

А, Ова е за оние кои не веруваат дека тој постои ( бидјеќи некој и однашиот тим не верува во него) ! Еве, неколку интересни факти за Дедо Мраз, најпознатиот и нјапопуларниот старецот со бела брада и црвен костим.

1. Називите Санта Клаус и Дедо Мраз не биле синоними до XVI век

2. Во најраните фотографии Дедо Мраз носи зелена наметка

3. Потеклото на Санта Клаус е вкоренето во холандските приказни за Синтерклас (Свети Никола)

4. Холанѓаните сеуште го одбележуваат денот на светителот и разменуваат Божиќни подароци на 6 декември

5. Потеклото на Дедо Мраз доаѓа од средновековни приказни, во кои тој подарил подарок за Божиќ

6. Најраната позната употреба на името Дедо Мраз на англиски е од 1773 година во Америка

7. Со црвена наметка Дедо Мраз се појавува во 1931 година благодарение на рекламна кампања на Coca Cola

8. Најстарото училиште за Дедо Мразовци во светот е основано во 1937 година од Чарлс Хауард во Мичиген, САД

9. Во 2013 година Нелсон Мандела станува првата личност, прогласена од премиерот на Гренланд за Дедо Мраз на годината

10. Современиот имиџ на добриот старец, кој управува санка со летечки елени и се спушта во оџаците, се должи на поема на Клемент Кларк Мур од 1823 година

Среќна НОВА!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе