ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пуштена модуларната ковидболница во Прилеп во присуство на државниот врв

1.133

Денеска во присуство на државниот врв, беше пуштена модуларната болница во Прилеп која има капацитет од 35 легла.  

Прилеп во континуитет бележи високи бројки на заразени граѓани на кои им е потребна лекарска помош и болничко сместување. ЈЗУ ОБ „Борка Талески -Прилеп„ функционира со пет ковид центри со 130 легла. Капацитетот е максимално искористен и затоа ги забрзавме активностите за пуштање во употрба на моцуларната болница-рече директорот на болницата, Кети Смилеска.

Градоачалникот на Прилеп, Илија Јованоски ги истакна напорите кои градот и медицинскиот персонал во Прилеп  ги прави за спречување на пандемијата

„Во последните 10 дена се очекува пикот да биде во нашата град. Знам дека на сите ни е тешко, имаме најмногу заболени во државата, па сакам да упатам апел до сите оние здравствени работници во слободно време ако имаат можност да помогнат оти имаме потреба од таква помош во нашата болница,без оглед дали е лекар, медицинска сестра, болничар или друг технички персонал да им помогнат на своите колеги, бидејќи граѓание ќе го почитуваат тоа – рече Јованоски

Министерот за здравство Венко Филипче ја истакна важноста од имунизација.

„Оваа недела и следната се критични, а ние сме целосно координирани  во рамките на територијата на целата држава при прераспределба на пациените. Во Прилеп започна и вакцинацијата.Вкупно се вакцинирани 150 граѓани досега кои имаат над 77 години, согласно Националната стратегија за имунизација. Апелирам граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, а вакцинацијата да биде помасовна.„- рече министерот Филипче, кој нагласи дека очекува српските здравствени власти да го испратат електронски списокот за сите граѓани кои изминатиов период се вакцинрале во Србија.

Премиерот, Зоран Заев нагласи дека има доволно вакцини за во континуитет да се одвива вакцинирањето на граѓаните  на  Македонија.

Последниот допис кој го имавме како информација од Кина е дека до крајот на април ќе стигнат 200.000 дози, а веќе располагаме со 78 илјади дози. Овој месец ќе стигнат и вакцини од ЕУ. Од 651 .000 за Западен Балкан некаде околу 100.000 се за РСМ. Ги очекуваме првите 20. 000 да стигнат во месец април , а потоа ги очекуваме на секој 15 дена да пристигнуваат. Спутниковите следни колични исто така ги очекуваме за месец април – рече Заев.

 Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини во Македонија

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: