ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ристески и Лашкоска: Наместо да обезбедат вакцини Филипче и Заев летаа со хелихоптер до Прилеп !

845

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на прес конференција го оцени како скандалозно пристигнувањето со хелихоптер на премиерот  Заев и министерот Филипче во Прилеп, бидејќи според него: „До денес 333-ца наши сограѓани, наши соседи,роднини и блиски луѓе починати и повеќе од 7,100 заболени од КОВИД, за ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче“. Меѓу другото тој истакна и дека јасни се причините поради кои се решиле на ваков потег:

„1. Изградбата на патот Градско – Прилеп ја прекинаа и сега истиот е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си замина, затоа што Заев и Сугарески му барале провизија. 2. Заев сака да ги избегне тутунарите, кои го чекаа денес да му се заблагодарат за најкатастрофалниот откуп на тутун во последните 30 години. Тутунот им го земаа за без пари. 3. Вработените во ЈП за ПУП од Прилеп за месец февруари земале плата од само 5,000 денари, а за март ќе почекаат. 4. Вработените во „Еурокомпозит“ се излажани и неисплатени. Како да дојде со кола во Прилеп кога нема како да им објасни на фамилиите на 333-та починати од КОВИД на 7,100 заболени кои молат за помош, а никој не им излегол во пресрет. Како овие луѓе да ги платат сметките од 2300 евра и повеќе на ден во приватните клиники, рече пратеникот Ристески.

И пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Ане Лашкоска  реагираше на социјалните мрежи:

#Заев #Сдсм Вие навистина повеќе не знаете на каде терате! Денес во Прилеп пристигна, ни помалку, ни повеќе, со…

Posted by Ane Laskoska on Friday, April 2, 2021
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: