ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пуштено во употреба целосно реновираното подрачното училиште при ОУ „Никола Карев“ во с. Борино, крушевско

678

Подрачното училиште ОУ „Никола Карев“ во с. Борино е официјално пуштено во употреба. Училиштето е целосно реновирано, со нови, дополнителни содржини и подобрени услови за учениците. Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.„ Она што е уште поважно е дека овој проект е најава за големи инвестиции во образованието, односно реконструкција и доградба ќе имаат уште неколку подрачни училишта идната 2022 година.“ Во ова училиште учат деца од прво до петто одделение од  бошњачка и албанска националност, а наставата во училиштето се одвива на македонски и  албански јазик. Објектот се реновираше во рамки на проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање. Реализацијата на проектот чини околу 2 милиони и 400 илјади денари. Од областа на образованието во тек е реконструкција на фискултурната сала и промена на кровната конструкција во ООУ „Никола Карев“ Крушево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: