ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонскиот петти оф роуд во Крушево е во тек

345

Македонскиот трофеј 4х4 започна во Крушево за љубителите на спортот со висок адреналин. Учествуваат 18 учесници од Балканот и Европа, како и клубот Off- Road Prilep Macedonia. Трките започнаа синоќа, а ќе завршат в недела кога ќе бидат доделени награди за најуспешните. На отворањето емотивно обраќање имаше Даниела Перканоска, сопругата на Љупче Перканоски од Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп, човекот кој беше вљубеник во овој спорт и поддржувач на сите досегашни настани:

Почитувани членови на Off- Road Prilep Macedonia клубот,спoнзори и натпреварувачи. Овогодинешната трка за мене има посебно значење бидејќи го прославува животот и страста на мојот сопруг Љупчо Перканоски кон автомобилизмот и овој спорт. Љупчо беше човек со неизмерна енергија и посветеност, за него овај настан беше повеќе од спорт,значеше создавање на пријателства и градење на спомени што траат цел живот. И покрај неговото отсуство, неговиот дух живее преку сите Вас. Во негова чест ужувајте во овие адреналински трки. Благодарам што сте дел од овај настан Љупчо ќе биде засекогаш во нашите срца и спомени, рече Даниела Перканоска на отворањето на овој несекојдневен спортски настан.

Оваа година трката е продолжена на 4 дена чисто off road во регионот на Крушево. Macedonia 4×4 Trophy е трка, коjа се одвива во три такмичарски класи Challenge, Adventure и UTV исто така и Турист. Во трката ќе се мери вкупно освоено време (total time) од сите нагласени етапи.

Колегите од Инфо Компас се погрижија за видео продукцијата за сите четири денови. Споделуваме видео од првиот ден:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: