ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Работите олабавуваат. Од утре се укинува полицискиот час

747

Од утре ќе се укине полицискиот час. Ваква одлука донела Владата на денешната седница.

Одлука има и за угостителските објекти. Тие со работа ќе почнат од четврток. Македонија од 1 јуни ги отвора границите.

Претходно, денеска Комисијата за заразни болести предложи да се олабават мерките, односно укинување на забраната за движење, отворање на угостителските објекти и градинките.

Локалите ќе работат под строги услови. Протоколите предвидуваат ограничено работно време до 18 часот, да работат само отворените делови односно терасите, ограничување на бројот на гости по четворица на маса, растојание од маса до маса.

Претходно, веќе реагираа и од туристичко-угостителскиот сектор. Алармираат дека им се закануваат откази на дури на 20.000 работници, а загуби со кои се соочуваат биле огромни.

Сепак, за официјална потврда на сите инфоммации се очекува во 19:00 часот кога на прес-конференција одлуките ќе ги презентираат техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: