ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започнува скринингот на вработените во градинките

567

 

Во општина Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирус, а Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на КОВИД-19;

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање на терен во објектите на градинките, согласно нивниот план и во договор со установите. Закажувањето е преку системот „Мој термин“. Тестирањето ќе трае два дена, четврток и петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје, со цел паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: