ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Работниците од „Еурокомпозит“ протестираа, бараат исплата на заостанатите придонеси

431

Работниците прогласени за технолошки вишок и вработените од „Еурокомпозит“ повторно го изразија револтот за неспроведувањето на Законот за исплата на придонесите, донесен од Собранието во октомври минатата година. Тие денеска го блокираа патот Прилеп-Плетвар кај Ленишки мост во траење од 1 час.

Законот да се почитува!

-На 10 октомври 2019 година, Собранието го донесе Законот за исплатата на заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“, заостанати уште од 2012 година кои се во износ од 2,8 милиони евра. Но по пет месеци не е реализиран и работите не се мрднати од „мртвата точка“. За да биде уште полошо, новоизбраниот претставник на државниот капитал Тања Чачорова не извести дека Антикорупциска наредила до изборите да нема никакви активности за спроведувањето на Законот. Тоа ги изреволтира работниците и затоа се собравме на блокада на патот Прилеп-Плетвар, вели Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок.

Работниците бараат средба со поранешниот премиер Зоран Заев со кого ги воделе преговорите и разговорите да почне да се применува Законот.
Состојбата во фабриката се влошува, зашто проблемите само се таложат. Нема исплата на плати, нема струја, вода, а има репроматеријали, но пак работа, зашто не се склучуваат договори.


– Сега дел од вработените одат на стража, зашто не сакаат фирмата да ја остават да пропаѓа, но не се обучени, ниту имаат лиценци. Од директорот имаме најава дека утре на Влада ќе се решавало, но не за фирмата, туку дали ќе им се исплаќа плата на работниците во стражарската служба или ќе се донесе приватно обезбедување. Овојпат сме решени најрадикално да протестираме по улици и да одиме во Скопје, вели Роберт Богданоски, потенцирајќи дека протестите ќе се радикализираат, зашто фабриката е во катастрофална состојба.

Работниците единствениот спас го гледаат во обезбедена работа со министерствата за одбрана и за внатрешни работи , за да можат да остваруваат приливи за плати. Состојбата на работниците во Еурокомпозит е неиздржлива, кои поради возраста не можат да се вработат на друго место.
Во прилепскиот загубар моментално се вработени 60 мина вработени, а фабриката како технолошки вишок ја напуштија 154, за кои, само дел се исплатени отпремнините, а ниту денар од заостанатите плати.

Извор: МИА

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: