ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РАКОМЕТ : БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ПРИЛЕП

335

Во Купот на Македонија во машка конкуренција вечерва ќе се добие последниот учесник во полуфиналето. Целта веќе ја постигнаа скопските Вардар и Бутел, како и битолски Пелистер Еурофарм, така што претстои борба за влез меѓу четирите најдобри межу суперлигашките екипи на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2. Битолчаните се фаворити, а прилепчаните го имаат домашниот терен. Претходно, во ова натпреварување во Г-групата, Еурофарм Пелистер 2 со 28:20 го совлада скопскиот суперлигаш Пролет, а Прилеп со 30:25 беше подобар од скопскиот прволигаш Голден арт. Дуелот ,  Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегат е Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Дуелот од 19 часот може да се гледа на овој линк

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: