CSS Template

Кузманоски со апел до спортистите за собирање донации за потребите на здравствените работници

194
Горан Кузманоски -Таста

Македонските спортисти се обединуваат преку апел да соберат донации за помош на здравствените работници за справување со здравствената криза предизвикана од корона вирусот.

На социјалните мрежи прилепскиот ракометар, Горан Кузманоски апелираше и ги повика своите колеги, спортисти да се приклучат кон иницијативата:

Горан Кузманоски-Таста

„Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!

Затоа колеги спортисти, ве замолувам, ве мотивирам, ве предизвикувам, да донираме сите заедно….„

Ова е најважниот натпревар во нашата кариера!“-напиша Кузманоски

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

                   Здраво на сите!

Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста

Заедно со неколку колеги преку иницијативата
#Спортистипротивкорона застануваме активно во борбата против корона вирусот. Отворивме наменска сметка (информации подолу во статусот) за донации. Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!

Затоа колеги спортисти, ве замолувам, ве мотивирам, ве предизвикувам, да донираме сите заедно.

Ова е најважниот натпревар во нашата кариера!

Да се грижиме!

Откако ќе бидат собрани средствата, транспарентно ќе биде објавено колку средства се собрани и каде се донирани.

Жиро сметка : 240577112287787

Девизна сметка :

IBAN:MK07240577112287690

SWIFT : UIBMMK22XXX

УНИ Банка


Farma Dolneni
Vivafarm