СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Нови 2 случаи позитивни на Ковид 19, затворена текстилна фабрика

901

Со двата нови позитивни случаи со корона вирус во Прилеп, бројката денеска е 12. Позитивни се маж и жена на возраст над 60 години.
Станува збор за маж и жена на возраст од 61 и 64 години. Во моментот се работи на епидемиолошка анкета и сите контакти со кои што биле тие двајца. “, рече Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.
На прес конференција директорот Николоска ја потврди информацијата дека меѓу позитивните на Ковид 19 е жена на 59 години вработена во една текстилна фабрика.
„Во истиот момент фабриката е затворена и сите вработени се ставени во самоизолација. Тие се обврзани 14 дена и да не ги напуштаат своите домови“,рече Николоска која не кажа за колкав број на лица станува збор ниту за која текстилна компанија.

– Се чекаат резултати од брисеви за 5 лица од Прилеп, а секојдневно се испраќаат на тестирање од 10 до 20 брисеви во Институтот за јавно здравје Скопје. Сите 4 последни новопотврдени случаи не се поврзани со првопотврдените од првото жариште, се додека не завршиме со сите епидемиолошки резултати не би знаела да кажам за колку жаришта станува збор, рече Николоска.

Во Прилеп моментално во самоизолација се вкупно 212 лица.
Здравствениот дом работи на тоа да се најде соодветен објект за поставување на 2 пункта за брисеви на Ковид 19 во Прилеп.

„Денеска треба да се знае каде ќе бидат тие 2 пункта, затоа што наредбата е дека еден од пунктовите може да биде во било кој објект во Здравствениот дом, а ние такви објекти имаме и во руралните средини, нашите амбуланти кои порано се користеа за примарна здравствена заштита“, посочи директорот на Здравствен дом Прилеп Оливера Аџиоска, која што посочи дека медицинскиот персонал од оваа установа немала потреба за тестирање од Ковид 19, освен што еден лекар е во самоизолација бидејќи била во контакт со првозаразените лица.

Во инфективното одделение, специјалниот оддел за позитивни од Ковид 19 нема да има ниту еден пациент, од како денеска еден пациент од првозаразените бил упатил во Скопје, потенцираше директорот на Општата болница Драган Богојески.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе