ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„РАЗЛУТЕНАТА„ ПОБЕДА МУ ДАДЕ 6 ГОЛА НА ОСОГОВО (Видео: голот на Јошески)

ФУДБАЛ

1.201

Симпатизерите на Победа не се обесхрабрија по претходниот пораз во Виница, па дојдоа и денеска во голем број (околу 2000) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп за силно да го бодрат својот тим. Домашните играчи возвратија со убава, брза, течна и ефикасна игра, која донесе висока победа од 6:0 над немоќното Осогово.

Кочанчаните не се ни запознаа со топката, а веќе во 5. минута примија гол. Одлично продре Бојан Спиркоски по што следеше прецизен удар во аголот за 1:0. Две минути подоцна малиот и брз Антониот Бошески изби сам и го совлада гостинскиот голман за 2:0. До 15. минута беше 3:0 по волејот на Петар Најдов. Како да играа големи професионалци со обични аматери. Во 30. минута Најдов даде уште еден гол за 4:0. Иако се беше решено, публиката остана да ужива до крајот. Во второто полувреме гостите малку се ослободија од притисокот и имаа неколку шанси барем за почесен гол, но не беа прецизни. Домашните како да не настојуваа премногу да постигнат повисока победа. Сепак, Бојан Спиркоски даде и втор гол во 78. минута, а убав печат за конечни 6:0 во 80. минута постави нововлезениот Давид Јошески со силен удар од далечина за ерупција од одушевување на стадионот.

Голот на Давид Јошески:

https://www.facebook.com/watch/?v=823210778353082

СТАТИСТИКА ПОБЕДА-ОСОГОВО

10/6 удари/во голот

5/0 3 корнери 3

2 офсајди 1

10 прекршоци 7

1 жолти картони 2

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД 5. коло на Втора лига – Исток: Локомотива – Братство 1:0, Детонит – Слога 2:1, Беласица – Саса 0:1, Кит-Го – Кожуф 1:0. ТАБЕЛА: Саса 13, Слога 12, Победа и Беласица по 10, Кит-Го 9, Кожуф, Осогово, Локомотива и Детонит по 4, Братство 1.ИДНО 6. КОЛО: Локомотива – Победа, Братство – Кожуф, Саса – Кит-Го, Слога – Беласица, Осогово – Детонит.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе