ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Рекордни 120 позитивни, од кои 1 од Прилеп и 3 од Општина Долнени

501

Македонија за последните 24 часа бележи нов рекорд. Од направени 953 тестирања,  регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19, соопшти министерството за здравство. Според резултатите од Центарот за јавно здравје во Прилеп, за регионот што го покрива позитивни случаи се 4 случаи, од кои три се од Општина Долнени.  

– Трите нови случаи на заболени се од една фамилија во селото Десово, општина Долнени. Во таа фамилија има вкупно седум члена заболени. Инаку, Центарот за јавно здравје кој ја покрива со надлежностите целата територија во прилепскиот пелагониски регион информираат дека во моментов се  активни 32 случаи, од кои 20 лица се на домашно, а 12 на болничко лекување. На инфективното одделение во прилепската болница се 4 лица. Од почетокот на пандемијата во Прилеп се вкупно регистрирани 217 случаи на Ковид-19, од кои 170 лица се оздравени. Бројот на починати е 15. Досега прилепскиот Центар за јавно здравје има земено  1 322 примероци и дополнителни 140  во инфективното одделение на болницата, рече градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција. 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе