ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Реми без голови и поделба на бодовите на дербито во Прилеп (ФОТО)

Победа и Беласица одиграа 0:0

337
Фудбалерите на Победа не успеаа во желбите да стигнат до победа над Беласица во последниот меч од вториот круг на шампионатот. Дуелот заврши без голови 0:0  благодарение на одличните одбрани на младиот голман на Беласица-прилепчанецот Иван Николоски кој во првиот дел имаше 3-4 бравурозни интервенции по обидите на Карчески, Б.Спиркоски, Христов и Мазари.
На дуелот против струмичани црвено белите играа само во првото полувреме а во вториот дел со играта ја разочараа публиката која и покрај студеното време дојдоа во огромен број да ги бодрат своите пулени.
Резултати од денешното 18 коло: Победа-Беласица 0-0, Братство-Детонит 1-0, Слога-Саса 2-0, Локомотива-Пехчево 0-1 и Осогово-Кожуф 1-1.
Табела: Слога 39, Победа 37, Беласица 35, Саса 34, Осогово 23, Пехчево и Кожуф по 22, Детонит 20, Братство 13 и Локомотива 6 бодови.Во следното 19 коло ќе играат:Победа-Кожуф, Саса-Братство, Беласица-Детонит, Слога-Пехчево и Осогово-Локомотива.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: