ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јубилеен карневал Прочка 20 то издание, скромно и во духот на традицијата

436

Карневалската магија во Прилеп “Прочка 2022“ го „обои“ центарот на градот со над 500 учесници, групни маски од Македонија, куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции.  Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” кое со локалната самоуправа го организира карневалот посочи дека оваа година е доказ дека традицијата мора да продолжи.

Карневалот го отвори градоначалникот Борче Јовчески, при што посочи дека годинава манифестацијата е скромна, но сепак во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, бидејќи Прилеп со гордост ја празнува Прочка, ден кога на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.

„ Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали а денес со гордост кажуваме дека карневалот „Прочка“ е еден од најпознатите и најголемите карневали во Република Македонија. Чест ми претставува што после пауза од 2 години ја продолжуваме традицијата за денес да славиме 20-ти карневал „Прочка 2022“. Ограничени од здраствените протоколи годинава имаме учесници само од Република Македонија, но цврсто веруваме дека догодина ќе го вратиме во целост сјајот на прилепскиот карневал Прочка“, истакна градоначалникот Јовчески.

Карневалот, традиционално го отворија прилепските мечкари,  велат годинава се најбројни, околу 50 учесници, со подмладокот.

Тони Павлески нагласува дека традицијата ја одржуваат, сега ги обновија маските со нови кожи, ѕвонци добија од фирмите и очекуваат целосна подготвеност маската да биде заштитена од УНЕСКО.

– Годинава сме најбројни, имаме околу 50 мечкари, со подмладокот. Работиме постојано, ја обновуваме маската и се надеваме дека ќе биде заштитена од УНЕСКО. Тоа ќе потрае, ама сме упорни да ја зачуваме вековната традиција. Мора да останеме оригинални, маската да биде автентична, од животинско потекло, објаснува Павлески.

Маските беа креативни- традиционални, современи, поединечни и групни. Почетокот на дефилето го означија мажоретките и секако мечкарите кои го имаат својот ритуал на бркање на злите духови. Од карневалската атмосфера беа воодушевени сите присутни и среќни зошто по пауза од две години Прилеп повторно го враќа духот на традицијата.

Според комисијата за најдобра маска е избрана „Индијанско село“ во чија што креација учествуваа над 50 деца, ученици од  три одделенија од ООУ „Кочо Рацин “ Прилеп.

Карневалот „Прочка 2022“ заврши со заедничка забава и концерт на групата ФОЛТИН на централната бина на плоштадот “Методија Андонов – Ченто“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: