ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ревија на европскиот филм во кино „Мис Стон“ во Прилеп

746

ДЕНЕСКА И УТРЕ во кино Мис Стон при ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи Ревија на европскиот филм.
Ревијата ја организира Асоцијацијата на филмски професионалци и тв соработници – на Македонија во рамките на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН.

Проекциите на филмовите во кинотоо Мис Стон се закажани СО ПОЧЕТОК ВО 20 ЧАСОТ, А ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

Вечерва ќе се прикажува филмот „Центарот на мојот свет“во Режија на Јакоб Ерва. Тоа е приказна за 17-годишниот Фил кој се враќа од летен камп во домот каде што живее со неговата мајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни.
Филмот е драма – сниман во 2016 година во Германи и Австрија

„Голијат“во режија на Доминик Лохер, е филм за
Љубовта на Давид и Џеси која е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Филмот е драма, сниман во 2016 та година во Швајцарија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: