ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што им е потребно на младите во Општина Кривогаштани?

978

Отворање на Младински Информативен Центар, простор за млади, библиотека, се само дел од потребите на младите во Општина Кривогаштани. Овие нивни препораки тие, денеска, ги истакнаа во рамките на проектот „Застапување на граѓанските организации за активно младиснко учество“, на јавниот настан на кој присуствуваа претставници од Локалната самоуправа Кривогаштани, претставници на граѓанските организации Коалиција СЕГА во соработка со здруженијата МИРР- Кривогаштани и Локалната Акциска Група ЛАГ- Агро Лидер исто така од Кривогаштани, како и млади од општината. Настанот се одржа во просториите на пензионерскиот дом во општината, при што беа претставени активностите, како и сите препораки кои произлегоа од локалните дускусии организирани во селата Обршани, Кривогаштани и Крушеани.


– Од активностите на терен, произлегоа 12 препораки и тоа: младите од општина Кривогаштани имаат потреба од отворање на Младински Информативен Центар; простор за млади во секое село за продуктивно користење на слободното време; општината треба да изработи Локална Стратегија за млади; да се активира Советот на млади; младите од општината да бидат повеќе вклучени во процесот на донесување на одлуки; да се активираат младинските организации и да организираат повеќе настани од забавен карактер; заедништво во поднесување на инцијативи; потребна е библиотека; Општина Кривогаштани да воведе двосменско работење во училиштата за поквалитетно образование; на младите од селата Обршани и Крушеани им се потребни спортски сали/игралишта каде ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време и во општината Кривогаштани потребни се еколошки акции за зачувување на животната средина и јавниот простор на општината, истакна Сања Мојаноска од Коалиција СЕГА.
На овој завршен настан на претставниците од Локалната самоуправа во Кривогаштани им беше врачен позицискиот документ со 12 најважни препораки.

– Покрај органзирањето на трите локални дискусии на кои беа идентификувани препораките, проектот опфати и обука за структурен дијалог, изработување на позициски документ, лобирање и застапување, проектен циклус и финансиско работење, како и обука за пишување на годишна програма на која беше изработена годишната програма за наредната 2019та година на МИРР- Кривогаштани- изјави Никола Дуртаноски, претседател на невладината МИРР.
Проектот е финансиран од Европска Унија, од програмата за мали грантови на Преда Плус за „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: