ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп вклучен во Манифестација „Струшки вечери на поезијата“

607

Со традиционално садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ на полскиот поет Адам Загајевски, почна 57. издание Струшките вечери на поезијата,што до 27 август ќе се одржува на различни локации низ Струга и во неколку градови во државата..

Со манифестацијата „Поезија на пат“ Jавен Простор Прилеп, во соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ го внесуваат Прилеп во официјалната програма на годинашните Струшки Вечери на Поезијата.Утре ,четврток, во 20:30 часот, на летната сцена од Домот за култура ќе гостуваат и ќе биде претставена поезијата на  поети, учесници на Струшки Вечери на Поезијата  Владимир Левчев (Бугарија), Мартин Глаз Серуп (Данска), Козмин Перта (Романија) и Хусеин Хабаш (Сирија,)

Исто така, посетителите ќе можат да чујат стихови од годинешниот добитник СВП на главната награда “Златен венец”  полскио поет, Адам Загајевски. Објавената антологија од околу 800 страни, во која е поместено богатото поетско творештво на Загајевски, од полски на македонски јазик е преведена од прилпчанецот Звонко Димоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: