ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заклучно со денеска пријавување на дисјаспората! Утре, четврток, е крајниот рок за увид во Избирачкиот список за граѓаните

562

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со утрешниот ден четврток 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Заклучно со денеска, пак, до 12 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 2060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство.

Од нив, 2019 пријави се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка, соопшти ДИК. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн. Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, во Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

                          Кампањата за референдумот ќе чини 1,3 милион евра
 Доколку на крајот на кампањата останат пари од оваа сума, тие ќе бидат вратени во Буџетот. За кампања преку социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутјуб, пак, Владата планира да потроши 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: