ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп на домашене терен високо поразен од Охрид

376

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 21. коло во Супер лигата на домашен терен доживеа пораз од екипата на Охрид 21:30.

Избраниците на Горан Кузманоски  уште од почетокот на дуелот не успеаа да воспостават контрола на играта и резултатот. После петнаесетина минути игра резултатот беше 10:5 за охриѓани.

 

Обидите на Прилеп да се вратат резултатски во игра беа неуспешни па до крајот на првото полувреме Охрид ја задржа рано сткнатата предност.  Предводени од Додиќ и Николов охриѓани имаа водство од 14:9 на полувреме.

Во второто полувреме Охрид играше рутински и без поголеми проблеми одеше кон триумф во натпреварот. Прилеп беше немоќен да ја надомести негативата и на крајот мораше да се помири со висок пораз.

Најефикасен со шест гола во тимот на Прилеп беше Марко Трајковски, а по четири гола постигнаа Бикоски и Чантурија. Во екипата на Охрид до најевискасен  беш Стефан Додиќ со осум гола, а Филип Николов беше стрелец на шест погодоци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: