ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ристески: Кој е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ ?!

469

Со реакција до јавноста денеска се обрати на прес конференција и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески, на која тој упати обвинувања и побара одговори од пратеникот и претседател на ОО на СДСМ Прилеп, Миле Талевски. Ја пренесуваме во целост:

„ Денес ни е совршено јасно зошто Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Чипсио и како второ заради што тој лично учествуваше во поставувањето на Чипсио за командир на ПС Прилеп.

Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?! Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Чипсио за командир на прилепската станица.

Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат на софра и во добро друштво. Исто така со уапсениот командит слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп – Јовановски.

Заради овие причини, јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп. Миле Талески заедно со Јовановски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите. Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кој денес се најгласни.“

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе