ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК ПРИЛЕП ИГРА ЗА ТРЕТО МЕСТО- ФИНАЛЕ ТИКВЕШ – ДУБОЧИЦА

691

Во решавачкиот меч за првак во А-групата, екипата на Тиквеш со 32:31 го совлада домаќинот, Прилеп на меморијалниот турнир Миле Нешкоски. Во првото полувреме гостите убедливо водеа со 17:11, но во второто прилепчаните стигнаа до израмнување, 22:22. Дури Прилеп и поведе (24:23), така што во финишот видовме вистинска драма. Во последната минута се влезе со резултат 31:31, домашните беа во напад и не го искористија, гостите во контра реализираа во последната секунда за 32:31. ПРИЛЕП-ТИКВЕШ 31:32 (13:17)

Сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје). Делегат: Иван Огненов (Битола)

ПРИЛЕП: Тренчевски 8, Дамчевски, Рустамов 5, Бикоски, Манчески, Трајкоски 2, Цинцадзе, Х. Павлов 2, Шокоски 2, Бајрактаревиќ, Лозаноски, Чантурија 7, Милошески 2, С. Павлов, Христоски, Гавашелишвили 3. Тренер: Горан Кузманоски.Седмерци: 2/2.

ТИКВЕШ: Велков 1, Кондев 7, Лазов, Стојаноски, Гичев 2, Соколов, Стефановиќ 4, Темелковски 2, Ѓошевски, Трпчевски 4, Окардов, Коцев, Трајкоски 4, Јанчев 8. Тренер: Ристо Магдинчев. Седмерци: 2/3.

Тиквеш, утре (четврток) во 13 часот во финалето ќе се сретне со победникот од Б-групата, Дубочица , додека Прилеп во 11 часот ќе игра во борбата за 3. место со или Еурофарм Пелистер 2 . За 5. место ќе биде мечот Струга – Голден арт. 14.30 ч. ќе се изврши свечено доделување на наградите во салата СОУ Ристе Ристески Ричко,со што ќе заврши шестиот ракометен меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: