ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК Прилеп започна со подготовките

540

Новата ракометна сезона и официјално започна за ракометарите на Прилеп. Екипата под водство на Горан Кузманоски го одработи првиот тренинг на теренот на ,,Могилата на непобедените” и со тоа започна подготвителниот дел за за престојната натпреварувачка сезона.

На првата тренинг се појавија сите нови засилувања со исклучок на грузискиот интернационалец Зураб Цинцадѕе кој во Прилеп пристигнува на 2 август.

Ударната сила на РК Прилеп во новата сезона ќе бидат младите играчи, во комбинација со искусни имиња и тоа: Христоски, Манчески, Шокоски, Чантурија, и Чурлевски, нови договори добија Бикоски и Амзоски, а ќе помага и Горан Кузманоски кој ќе ја има улогата на тренер-играч.
Екипата на Прилеп во претстојната сезона во Супер Лигата ќе игра во групата Б заедно со Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2. Во првото коло екипата на Прилеп е слободна а во второто коло на домашен терен доаѓа екипата на Металург. Новата сезона ќе стартува на 12/13 септември.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе