ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Брутално убиство во прилепско – жртвата убиена, па запалена во автомобил

885

Неофицијално, убиен,  па потоа запален во автомобил,  битолчанец со иницијали Б.А.  Бруталното злосторството е сторено по патот кон селото Беловодица.

Околу 16,30 ч. било пријавено дека во с.Беловодица на патот гори непознато лице.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело, пренесе Центар.мк

Според сознанија на порталите утврден е идентитетот, А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото. Екипа на МВР и Противпожарната единица-Прилеп  веднаш излегле  на лице место да извршат убид.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: .markukule.мк и Centar.mk

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе