ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сабота, 10 ти октомври, 20 новозаболени во општина Прилеп

497

Од Центарот за јавно здравје информираат дека во општина Прилеп има 20 случаи на заболени од коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест;Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 149. Од нив, 121 лице се наоѓа на домашно, а 28 на болничко лекување;

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 793.

На ниво на Македонија регистрирани се вкупно 393 новозаболени, додека болничките капацитети се речиси целосно исполнети. Целосен карантин е следната мерка која ќе се воведе доколку граѓаните не ги почитуваат мерките, најави министерот Филипче. Иако за сега сме далеку од ваквото сценарио, тој верува дека овој пакет на мерки, зголемувањето на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде позитивен резултат. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: