ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се доопремува театарот, киното, и салата на Советот на општина Крушево

604

Младинскиот културен центар, кино салата и театарот попристапен за хендикепирани лица. Поставен е гасеничар со кој што скалите не се веќе пречка за влез и излез од објектот. Дополнителната опрема со која се олеснува и овозможува пристапот за следење на активностите на лицата со хендикеп е овозможено преку проектот „Опремување на мултифункционална сала“ , при што извршена обука за негово користење.

„ Со оваа алатка овозможуваме пристап за секој до салата за театар и кино, како и до сите други простории и содржини кои ќе бидат создадени по реконструкцијата на горната училишна зграда“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. Големо задоволство за набавката на гасеничарот, изрази и претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски, кој информира дека се подготвува и доопремување на салата каде се одржуваат седниците на Советот за пренос во живо.

„Со оглед на фактот дека просторијата за советниците, која ќе биде опремена со опрема за пренесување на седниците во живо, е на погорниот кат во оваа зграда, обезбедуваме и пристап за хендикепирани лица и претставници на здруженија на лица со посебни потреби. Чест ми е, а верувам и на сите советници, што сме дел од овој проект“, изјави претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски.

Набавката на гасеничар е во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе