ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се гради фекалната канализација во с.Норово и се доуредува спортската сала во Крушево

539

По краткиот застој на работите како последица на пандемијата со коронавирусот,продолжуваат активностите во с. Норово за изградба на фекална канализација .

„Овој проект ќе го завршиме за многу брзо. Истовремено, мерките се почитуваат и се преземаат сите неопходни чекори за безбедност при работата на работниците„ напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Овој проект е имплементиран од страна на Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски со средства на Европска инвестициона банка. Проектот чини 10 972 424 денари.

А, пак, преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ општина Крушево ќе изврши партерно уредување на спортската сала. Спортската сала целосно се реконструираше во внатрешниот дел, се постави карпа за искачување и набави опрема за сите спортови, а следна фаза е инсталација на систем за греење и ладење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: