CSS Template

(Видео)Започнаа општинските партиски истакнувања

171
Avtokontrol1

Општинскиот СДСМ денеска излезе со пофалби за успешно планираната и  реализирана патна инфраструктура, а општинските  ВМРО ДПМНЕ со забелешки за работењето на раководството на МЦСР-Прилеп

Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ-Прилеп истакна дека пандемијата на коронавирусот не ги запре инфраструктурните градежни активности во општина Прилеп.

 

Денеска пред Центарот за социјална работа младите сили од ОК на ВМРО ДПМНЕ одржаа прес

Управувал без возачка со државно возило и целосно го уништил

Директорот, Дејан Тошески, кој инаку е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на двојазична табла и пропагирањето на Агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија.Сега истиот тој Дејан Тошески, се обидува да сокрие скандал во кој целосно е уништено возило во сопственост на Центарот за социјална работа.Имено, еден од нововработените кои СДСМ и Тошески ги вдомија во оваа институција, пред неколку дена управувајќи без возачка дозвола со возилото марка Мазда, направил сообраќајна незгода кај населеното место Костинци, во општина Долнени.Во незгодата, за која патем постои и записник направен од полициски службеници, возилото во сопственост на центарот е целосно уништено.Бараме целосна одговорност за вработениот и за директорот на институцијата.Тошески мора да поднесе оставка од функцијата, а за неговиот послушник да биде покрената итна дисциплинска постапка и да биде избркан од работното место.Исто така, Тошески и неговиот послушник веднаш да ја надохнадат штетата и да набават ново возило за центарот со свои средства.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Четврток, 07 мај 2020

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm