ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се самозапали маж во Прилеп

1.946

Maж на 66 годишна возраст (М.К) се потурил со бензин и се самозапалил во гаража на куќа на улицата “Никола Карев” (позади уредот) во Прилеп. Настанот се случил околу 17:00 часот.

Според информациите од очевидци кои биле сведоци на целиот настан, човекот починал на лице место.Екипи на полицијата и територијалната противпожарна единица пристигнале на лице место.

– Пријавата е примена во 16 и 41 во ТППЕ Прилеп за настанат пожар во гаража каде што имаме и починато лице. Од наша страна интервенирано е со 2 возила. Причините за пожарот дополнително ќе откриваат од страна на полицијата и Јавното обвинителство. При нашето пристигнување ние затекнавме состојба дека пожарот беше изгаснат од страна на комшиите, но лицето беше починато, човекот беше изгорен. Сите информации околу истрагата ќе ги даде полицијата,изјави Методија Николоски, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

Соседите велат дека починатиот бил мирен семеен човек, кој никогаш не направил никаква кавга.

– Седев на тераса, кога видов дека имаше чад, излегов до порта и гледам мажите излеговаа и натрчаа натаму, и рекоа: „Миле се запали!“ . Се вратив назад и му кажав на мажот ми. Отидовме таму, соседите фрлаа песок , ама веќе телото беше јагленисано. Човекот на нервна база си имаше проблеми неколку години, инаку работеше во Судот како курир. Надворешни проблеми со некого да правеше,немаше, за домашните не му ги знам. 

Од нив, глас не се слушна, јас сум овде од дете, догледував мајка, од нив глас не се слушна, да се кара со некој. И деца растеа, не се скараа. Тој беше семеен човек со 3 ќерки, вели соседката Виолета Новеска.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: