ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се зголемува буџетот на Општина Прилеп за 12,7%

725

Прилепските советници денеска ја одржаа редовната 59 седница на општинскиот Совет. Главното прашање за кое се дебатираше, беа измените и дополнувањата на буџетот на Општина Прилеп, како и изборот на командир на Полициска станица од општа надлежност-Прилеп.

„Со изгласаниот ребаланс, буџетот се зголемува на 1.590.348.000,00 денари, односно за 12.7 отсто, со што буџетот се наоѓа во добра кондиција за да може да ги реализира планираните проекти. На денешната седница Дарко Цуцулески беше избран за командир на Полициската станица од општа надлежност-Прилеп. На денешната седница беше изменета и проширена Програмата за градежно земјиште, со што се овозможува изградба на водовод за манастирот Трескавец“, изјави по завршувањето на седницата Еленче Ташкоска, претседателка на Советот на општина Прилеп.

Новиот командир на ПС од општа надлежност во ОВР Прилеп, Дарко Цуцулески, има завршено Економски факултет. Во МВР е вработен од 1997 година, при што извршувал различни задачи: вд командир на Полициската станица во Прилеп, началник на ОВР Демир Хисар, командир на сообраќајната полиција за БПС Прилеп, инспектор водич за безбедносен регион на БПС Прилеп, а од 1998 до 2008 година бил припадник на Посебната единица при МВР.

На денешната седница беа усвоени измените и дополнувањата на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија и измените на План на развојни програми на Општина Прилеп за 2021 година.

Исто така, Советот даде согласност на консолидираната сметка за 2020 година на ЈКП „Комуналец“ и ДООЕЛ „Терминал-Комуналец“, како и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Комуналец“ за периодот од 01.04.2021 до 30.06.2021 година.

Советниците дадоа „зелено светло“ и за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“, за периодот од 01.04.2021 до 30.06.2021 година. Покрај тоа, на денешната седница беа разгледани и други прашања од интерес на граѓаните на општина Прилеп.    

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: