ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Седумте архангели“ изложба од уметникот Малбашиќ

547

Во изложбениот салон на НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп, утре 12 декември во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ.
– Стефан Малбашиќ за прв пат во современиот македонски иконопис ја обработува темата на „Седумте свети архангели“, тема која е мошне специфична не само за овој простор, туку воопшто во православниот иконографски универзум, и не само денес, туку во севкупната негова историја на божествените иконографски изобразби. Оваа негова посветеност, не само што е специфична по зафатот, обработката и прецизноста како во ликовноста така и во теолошката смисла, туку носи и одредена првична храбра одлука, ангелската хиерархија да биде претставена во своевидна духовна монументалност. Севкупниот тематски зафат, изразен во релативно голем формат, педантно, творечки инспиративно, впечатливо и артистички убедливо, Малбашиќ го гради потпирајќи се, најпозитивно врз вистинските извори – фрескоживописот од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново како и фрескоживописот од црквата „Св. Врачи“ во Костур.

Со тоа, ја продолжува вистинската традиција, истражувајќи некои траги кои се суштествени во разоткривањето на светот на архангелите и ангелите, суштествата кои на некој начин сè уште успеваат да ја одржат моралната, чувствената, етичката и духовната смисла во човековото опстојување – особено денес!, вели Владо Ѓорески.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: