ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сите сервисни информации за велигденската вондредна состојба

772

За земјоделците од општина Прилеп:

Општина Прилеп ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од сабота 18-ти април до вторник 21 април 2020 година, да го известат Општинскиот кризен штаб на телефонскиот број 0800 00 210 каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење треба да се најави еден ден однапред, најдоцна до 20 часот. Притоа, точно треба да дефинираат времето и местото на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека нема да сe издаваат дозволи за движење, туку само ќе се евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици.

На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековните земјоделски активности.

Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота, недела и понеделник, 18, 19 и 20 април:    

                                                               Дежурни маркети:

„ФУТУРА“………………………..тел:075 395 408 „СТИБЕРА“………………………тел:076 741 572

„ИРНЕКС“………………………..тел:075 308 683 „ТИНЕКС“………………………..тел:071 275 684

„БОНИТА“………………………..тел:070 353 609 „ЏИМИ МАРКЕТ“………………тел:076 790 772

„МЕГА МАРКЕТ ПАТА“……..тел:070 259 199 „НОВА САНДРА“………………тел:075 415 454

„МАРКЕТ НОВА ПЛУС“…….тел:070 502 703

Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

                                 Дежурна аптека во петок, сабота и недела, 17, 18 и 19 април:

„Ремедија“…………………….тел:048/423-455

                            Дежурна аптека од понеделник 20 април, до недела 26 април:

„Мента Фарм 2“……………..тел:070 711 651

Работното време на аптеките е 24 часа, по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството

                                   Волонтерска служба на Општина Прилеп:

Контакт телефони: 048 401 700 и 0800 00 210

Во сабота и понеделник, 18 и 20 април, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.

Состојба со КОВИД 19 – петок 17-ти април

Во општина Прилеп се регистрирани 3 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот.  Во самоизолација се наоѓаат 422 лица. Изминатата ноќ граѓаните го почитувале полицискиот час и не се забележани негови прекршувања.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: