ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сметководителите помеѓу болеста и „бркањето“ роковите за завршните сметки

617

Комората на сметководители бара годишните извештаи и завршните сметки да се пролонгира до 31 март, а министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека нема да има пролонгирање на роковите за завршните сметки. Во таа битка, Комората на сметководители ги изнесе податоците поврзани со ковид ситуацијата во нивната фела.  Изминативе денови Комората на сметководители спроведе онлајн анкета, која покажла дека дури 49.2% од испитаниците биле заболени од корона од почетокот на пандемијата, од кои 54,1% се токму во најкритичниот период , од декември 2020 до март 2021. „

Разговор со Александра Андреева, член на Комората на смеководители на Македонија

„Или, ако овој податок го проектираме според репрезентативниот примерок на вкупниот број од регистрираните сметководители кои се околу 10.000, заболени биле 4.920 колеги, од кои 2.660 токму во критичниот период. Воопшто не е за занемарување бројката на оние колеги кои иако не биле заболени, биле во изолација поради контакт или заболен член од семејството.„Сумарните бројки покажуваат дека дури кај 64,8% од сметководители, се изјасниле дека се соочиле во сериозно нарушување на текот на работењето поради вирусот. За какви статистички податоци кон Европската Унија зборува министерот, кога поради нивната игнорантност години наназад цела професија тивко умира и просекот на возраст на лицата во професијата е над 50 години“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Сметковидителите од Владата и сите пратенички групи, бараа промени во Законот за трговски друштва, во делот на роковите за поднесување годишни сметки, но ниту една од повиканите институции не одговори на барањето. Тие бараа да се пролонгираат роковите согласно член 477 од Законот за трговски друштва, за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи со цел поради пандмијата да се усогласат со европските држави .

„Одговор се уште нема иако минатата година институциите се повикаа токму на овој член кога на 13.03 го продолжија рокот за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи  до 24.03. Средбата до денес се нема случено, а институцијата остана глува за сите аргументирани барања на сметководителите“, изјави Андреева, посочувајќи дека сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: