ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од мои, и твои пари – вандализам низ слики

581

Три контејнери, вреќа и едно скеле за сушење на тутун се најдоа во градската река .

Вчера,  контејнери и вреќа, кои комуналните служби ги извадија од реката  и ги поставија на местата во еколошките острови,  денеска,  повторно вандализам на дело, за урбана опрема набавена од мои и твои пари, од парите на сите нас, кои се слеваат во буџетот на општина , за да ги плаќаме сите во ЈКП, за почист и поубав Прилеп, за  чистењена градот,  набавување на комунална опрема итн…

Но, кој како го чуствува овој град! Некој го има како свој,  а некому, градот, можеби му е туѓ, па крши, урива, уништува, фрла,…Зошто, бре, луше?!

Ноќеска на истото место во Дабнички канал повторно се турнати три контејнери за селекција на отпад, додека пак во Градската река турнато е цело скеле за сушење на тутун.

Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои ,,Комуналец,, троши време и пари,  случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: