ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп – одбележа 6 децениско постоење

1.081

Јубилејот, 60 години од постоењето СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ го одбележа денеска со активности приспособени на состојбата со Ковид пандемијата. Со почит кон делото на патронот чествувањата започнаа со  положување свежо цвеќе на Могилата на непобедените на делегација од
претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет и на вработените од училиштето.

Во чест на јубилејот, во училиштето беше промовиран портрет на патронот Ристе Ристески-Ричко, дело на професорот Методи Исков.

Вредните раце на учениците заедно со своите ментори, изработија колаж од уметнички портрети и историско видео, како и видео-рецитал кои се поставени на официјалната веб страна на училиштето  https://ricko.edu.mk/wp-content/uploads/2020/12/Patron-praznik.mp4

 

Активностите по повод големиот јубилеј можат да се проследат на редизајнираната веб страница на училиштето www.ricko.edu.mk за чие што уредување се грижи нашиот соработник, ученик од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Христијан Пусоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: