ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Очекувањата на тутунарите не се исполнија, решението се бара во второстепената комисија

1.770

И покрај очекувањата за подобрување на линијата на проценка во текот на денешниот ден, состојбата е иста велат од Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари и Сојузот на земјоделски здруженија, од каде што се делегираат поверениците на вагите. На терен се случуваат повторно истите проблеми. Некој е задоволен, но мнозинството се незадоволни, велат овластените претставници на тутунарите. Поради тоа, тие предлагаат до четврток, земјоделците притисокот да го насочат кон оспорување на нереалната проценка на вагите.

– Ги замолуваме сите тутунопроизводители да оставаат кутии за Второстепена комисија. Секој оној што смета дека му се цени нереално, имаме најава од министерот и тоа го кажа и на состанокот дека секоја кутија која што ќе се остави за Второстепена комисија ќе се цени класа погоре.  Ги охрабруваме сите кооперанти да оставаат во Второстепена комисија  секоја кутија која што мислат дека нереално му се цени. Само на таков начин можеме да извршиме притисок врз компаниите да почнат реално да ценат трудот. Овде ќе кажам дека имаме закажано официјална средба со премиерот на државата во четврток, каде што ќе ги изложиме овие наши проблеми. Утре ќе се насочиме кон Сокотаб кои што не се потпишаа на изјавата некни што беше дадена, и тоа не само врз Сокотаб и врз другите фирми кои што не се придржуваат кон договореното со притисок врз откупните пунктови.До четврток ќе се спори проценката на вагите ќе се врши блокада на вагите, се’ со цел да почне да се цени реално. Мислам дека само на таков начин можеме да извршиме притисок, и нормално и премиерот ако сака да помогне во оваа ситуација, рече Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на група Македонски тутунари.

До средбата со премиерот Заев не се најавени протести, освен оспорување на нереалната проценка на вагите за контрола на Второстепената комисија.

–  Сакам да ги повикам поверениците да си ја работат својата работа за тоа што се платени и поставени на вагите – секоја нереално проценета кутија, да биде тргната настрана и запрена за Вторестепена комисија. Доколку некои проценители не сакаат да оставаат за Второстепена комисија, да биде повикан Инспекторатот, затоа што законски и е секој тутунопроизводител кој што не е задоволен, кутијата мора да биде запрена и да биде повикана комисијата. Доколку линијата не е запрена, ќе биде викнат инспекторатот за да утврди на лице место зошто проценителите не сакаат да ја запираат линијата,  Менде Стомнароски, претстедател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Според Стомнароски на одредени места има големи забелешки, некаде има благо подобрување, но најголем проблем е Сокотаб, компанија која што одбива да соработува, а тоа е најголемиот откупувач.

Ние ги повикуваме и замолуваме претставниците на Сокотаб и директорите од другите компании, она што некни се договоривме да го применат на терен затоа што, проценителите викаат дека ниту еден директор не ги известил дека треба да има подобрување. Затоа ги замолувам сите директори да им кажат на своите проценители да се ублажи линијата и да тече откупот непречено, рече Стомнароски.

Законскиот рок за почеток на откуп на тутунот беше 15 ти декември, досега, отворени се 8 регистрирани откупувачи. Две пријавени компании Далија и Орбита немаат почнато со преземање на договорените количества ориентален тутун. Проценка се врши на 202 ваги во Македонија на околу 190 пунктови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: