ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на општина Новаци ја одржа 5 тата седница-како ќе се распределуваат средствата од буџетот

668

Советниците во советот на општина Новаци денеска ја одржаа петтата седница. Разгледаа и усвоија околу 40 тина точки на дневен ред .

Советниците донесоа неколку одлуки кои се однесуваат на финансиското работење на општина Новаци и тоа усвојување на тримесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2017 до 31.12.2017 година, определување на благајничкиот денарски и девизен максимум, како и предлог- годишниот план за јавни набавки за2018 година.

Совтниците ја разгледаа и одобрија програмата за работа на ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци за 2018 година.

На  седница советниците донесоа одлука за измени и дополнувања на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја запериод од пет години во општина Новаци.

Се формираше и одобри составот на Комисијата за проценка на штети од елементарни  и други непогоди, се усвои извештајот за извршен редовен  годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12.2017 година од централната пописна комисија, се усвои полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за учебната 2017/2018 година.

Советот на општина Новаци ја разгледа и усвои предлог одлуката за учество и имплементација на проектот „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области“ со акроним AGROWCHAIN, финансиран од ЕУ од првиот повик од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2014-2020 година.

На  седницата беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на патничко моторно возилои предлог одлука за одобрување на средства за користење на службените телефони и утврдување на лимит на разговори, како и предлог решение за именување на персоналниот состав на штабот за заштита и спасување во единица за локална самоуправа Новаци.

Советниците донесоа и одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна планска урбанистичка документација  црква Св.Петка во с. Груништа.

Советниците разгледаа и неколку барања од физички лица и тоа за : еднократна парична помош  за претрпена штета(пожар и ветер), за лекување, за учество на саем во Бидимпешта, потоа неколку барања од месни заедници и манастирски одбори за градежни материјали за изградба на манастирот Свети Арханѓел Михаил во с. Скочивир,средства за пооставување на бехатон плочки  за дворот на манастирот и изградба на настрешница на капелата во црквата Св. Ѓорѓи во с. Гермијан, барање од црковниот одбор на црквата Св.Атанасиј од Новаци за набавка на две клими како и одобрување на средства за доизградба на капелата во Новаци.

Советот на општина Новаци донесе одлука за доделување на финансиски средства за учество во ОФЛ Битола за цела 2018 година на ФК Новаци 2011 Новаци како и одобрување на финансиски средства на ФК Новаци 2005 за учество во Втора македонска фудбалска лига пролетен дел за 2018 година. Беа одобрени финансиски средтва на Синдикалната организација на општина Новаци а беше разгледано и барањето на КИК Новаци за дополнителни финансиски средства за доисплата на обврски кои произлегуваат од реализираните активности во трамките на Културно лето Новаци 2017 година.

Беа разгледани и барањата за финансиски средства од кошаркарскиот клуб Младост за организирање на 8-от велигденски меѓународен кошаркарски турнир Битола 2018, Здружение за меѓународна младинска соработка Интерактив Битола за снимање на документарен филм за општина Новаци на македонски, англиски и турски јазик како и барањето на Здружението за земјоделци „ Современо земјоделство“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: