ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на општина Прилеп започнува со онлајн седници без физичко присуство

659

Советот на општина Прилеп, утре, петок 13-ти ноември со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 49-та седница. Поради состојбата со пандемијата на коронавирус, седницата ќе се одржи онлајн. Тоа ќе биде за прв пат Советот на општина Прилеп да одржува во целост онлајн седница без физичко присуство на советниците. Инаку и денеска во подготовка на претстојната седница на Советот и  состаноците на општинските комисии исто така биле спроведени преку интернет. Причина за ова е здравствената состојба на дел од советниците, како и на вработените во локалната самоуправа кои учествуваат во работните тела за подготовка на седниците на Советот. Воедно, ваквиот чекор е и поради превенција од пандемијата, а во согласност со препораките на Владата да се избегне групирање во затворен простор. Седницата на советот ќе се реализира онлајн преку ЗУМ платформата. Единствено е најасно, како, и дали новинарските екипи ќе имаат онлајн пристап за следење на 49 тата редовна седница, со што би се овозможило јавност на расправата и донесените одлуки на Советот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: