ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот Јованоски како лекар се вклучува во борбата со Ковид

691

Недостигот од медицински кадар, лекари, медицински сестри и болничари во прилепската болница е причината поради која градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски активно се вклучува во работата на инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп.

Согледувајќи ја здравствената состојба во општината која што е алармантна, особено последната недела, ми даде за право како шеф на Кризниот штаб на општина Прилеп и како градоначалник,а по професија лекар, во оваа прилика сакам да кажам дека се ставам на располагање на службата на Инфективното одделение, за што вчера разговарав со директорот на болницата и со колегите на Инфективно одделение и му ја понудив мојата помош. Од денес ќе бидам тука присутен колку што има потреба во наредниот период, недела, две или месец и повеќе“, посочи градоначалникот Јованоски на прес конференција.

Јованоски припаѓа на ризичната група според возраста (над 60 години) но, како што истакна тоа за него е пресметан ризик.

Одлуката е мој пресметан ризик како општествено одговорен граѓанин и како лекар со Хипократова заклетва. Стојам на располагање пред се’ на своите колеги кои навистина имаат потреба од ваква помош, технички, административен и медицински аспект, рече Јованоски.  

Работата како градоначалник, со ваквата одлука, според него нема да трпи, бидејќи во овој период активностите биле намалени, а повремено ќе се вклучува за обавување на надлежностите поврзани со креирање на одлуките.

Градоначалникот Јованоски и денеска потврди дека состојбата со здравствената криза во Прилеп никогаш не била толку алармантна. Тој  повика медицински персонал – лекари, медицински сестри и болничари волонтерски да се вклучат за помош на нивните колеги во болницата.   

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: