ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СПОРТСКИ ЖУРНАЛ – Рикалоски : Меморијалниот турнир во пинг понг Илија Карески – Каре ќе прерасне во традиционален (ВИДЕО + ФОТО)

Прв меѓународен турнир во пинг понг Илија Карески - Каре

390

Екипата на Младост 96 го организира меѓународниот турнир во пинг понг Илија Карески – Каре кој викендов е настан број еден во градот под Марковите Кули.Натпреварите во неколку  категории ќе се играат во салата од основното училиште Добре Јованоски а организаторот , прилепскиот пингпонгарски клуб Младост 96 обезбеди и награди за најдобрите.

Овој меѓународен меморијален турнир се планира да прерасне во традиционален , вели Златко Рикалоски кој ни гостуваше во нашата програма во живо и спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ.Има многу активности кои престојат а се поврзани со пинг понгот во Прилеп, како доигрување на бизнис лигата и соочување на најдобрите екипи од прилепската аматерска бизнис лига и најдобрите од црногорската бизнис лига а и многу семинари и кампови кои треба да ги реализира федерацијата во соработка со клубовите, истакна Рикалоски.Разговорот во целост погледнете го во видеото подолу.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: