ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Време е за КАРНЕВАЛ „ПРОЧКА 2022“ во Прилеп!

Општина Прилеп објави повик за учество на манифестацијата Прочка

974

Од денеска сите заинтересирани за учество на традиционалната манифестација Прочка во Прилеп, ќе може да се пријавуваат за учество. Општина Прилеп го објави јавниот повик, истакнат на официјалната страна на локалната самоуправа во кој што се вели:

„Општина Прилеп со посебна чест и задоволство ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци да земат учество на манифестацијата Карневал „Прочка 2022“, која ќе се одржи во Прилеп, на 06. Март.“

Пријавувањето е најдоцна до 1 ви март до кога заинтересираните учесници би можеле да се пријават електронски или лично во Општина Прилеп.

Не е прецизирано каде ќе се одржува карневалот, и на каков начин, со оглед на актуелната здравствена состојба во земјава. За Карневалот Прочка ова ќе биде јубилејно 20 то издание, со оглед на тоа што минатата година манифестацијата не се одржа поради пандемијата.

Пријава за учество

Покана за Карневал Прочка 2022

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: