CSS Template

Среќен пат мили птици! (ВИДЕО – ФОТО)

1.167

Секое утро, рано, по изгревање на сонцето, во потрага по храна и дружба, јатото штркови се гостеваше на ширинката во село Мало Коњари, родното место на Силјан Штркот. Грациозно, како што само тие знаат, внимателно ги одбираа инсектите и по некоја жаба, уживаа во првите сончеви зраци, довикувајќи се со препознатливата песна со штракање на клуновите.

 

Но, денеска беше нивниот последен доручек. Секоја година на Свети Пантелејмон, како што налага времепловот и природата, штрковите ги напуштаат нашите краишта, а бараат потопли и посончеви на африканскиот континент.

 

Можеби пандемијата беше причина ( поради отсуството на авионски сообраќај) годинава да ги има во поголем број од вообичаеното во селата.  Присутни се во Пелагонија, краиштата каде има вода, чиста природа, без загадување и бучава. Тие се симбол на здрава средина, и се широко прифатени од домаќините на чии што куќи имаат гнезда.

 

Според преданијата, штрковите носат среќа, доаѓаат на пролет во истите  гнезда каде биле претходната година. Штрковите се моногамни птици, живеат во парови, тие се лојални меѓу себе и грижливи за своите потомци.

Да им посакаме среќен пат и до година повторно да бидат меѓу нас во уште поголем број!


semm
Farma Dolneni
Vivafarm